Спорт Тенис

Крејчикова ја совлада Паолини за титулата на Вимблдон

Барбора Крејчикова е шампионка на Вимблдон откако денеска ја совлада Јасмин Паолини во големото финале и тоа во три сета. Чешката тенисерика претходно два пати славеше на Вимблдон, но во двојки.

Крејчикова до својата прва титула на Вимблдон, а втора грен слем титула во кариерата по онаа на Ролан Гарос во 2021 година дојде со победа од 6-2, 2-6 и 6-4 против Паолини. Таа стана четвртата тенисерка од Чешка со триумф на лондонската трева по Јана Новотна, Петра Квитова и Маркета Вондрушова. Како победничка на Вимблдон, Крејчикова ќе инкасира фантастични 2,7 милиони фунти награда и плус 2.000 ВТА поени. Паолини за која ова беше втор пораз во грен слем финалињата по ред, бидејќи загуби на Ролан Гарос од Ига Швјонтек, ќе заработи 1,4 милиони фунти и 1.300 ВТА поени.

Утре на програмата е финалетово машка конкуренција во кое ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, што е реприза од ланската борба за титулата, кога славеше шпанскиот тенисер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Работнички со пресврт до победа против Пелистер

Дејан Дејан

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе