Спорт Фудбал

ФОТО галерија: Фудбалерките пропуштија шанса да го заверат пласманот во баражот за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација во претпоследниот дуел од квалификациите за Европското првенство е поразена од селекцијата на Летонија со 2:1.

Нашите репрезентативки беа апсолутни фаворитки во овој меч, но сепак на крајот во неизвесна завршница не успеавме да освоиме барем еден бод.

Летонките поведоа во третата минута од судиското надополнување во првиот дел, а стрелец беше Анастасија Полуховича.

Во второто полувреме во втората минута од судиското надополнување Наташа Андонова израмни на 1:1, а две минути подоцна Олга Шевцова го постави конечниот резултат.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе