Вести Спорт Фудбал

Уште три дена до европското првенство во фудбал-последно за Модриќ и Роналдо

Во петок започнува европското првенството во фудбал на кое ќе настапат 24 репрезентации, поделени во 6 групи со по 4 реперезентации.

Во групата А се домаќинот Германија,Швајцарија,Шкотцка и Унгарија

Во групата Б позната како и групата на смрта се селекциите на Шпанија, последниот европски првак Италија ,Хрватска и Албанија

Во групата Ц се Англија, Данска, Словенија и Србија.

Во групата Д Франција, Холандија, Австрија и Полска

Во групата Е Белгија,Словачка, Украина и Романија и во групата Ф Португалија, Турција , Чешка и дебитанот на европските првенства селекцијата на Грузија

Првиот натпревар ќе се одигра во петок во 21 :00 меѓу Германија и Шкотцка на Алијанц Арената во Минхен

Ова европско првенство е последно за многу фудбалски звезди како Кристијано Роналдо, Тони Крос, Лука Модриќ

Според обложувалниците најголем фаворит за освојување на европското првенство е Англија по што следи Франција а со најмали шанси селекциите  на Албанија, Словачка и Грузија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул сака да остане перфектен, Барселона има незгодно гостување во Лисабон

Дејан Дејан

11-годишен ученик од Прилеп паднал од трети кат во училиште во Прилеп

Дејан Дејан

Почнува главниот предизвик за Македонија на СП 2025: Прв ривал е Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе