Министерството за труд треба да биде посебно министерство со свој министер, ова е ставот на синдикатите по најавениот план на идната Влада за трансформација на дел од министерствата.
Вели дека во ред е да се прават измени, но работниците стравуваат дека тоа нема да биде брз процес, ќе трае со месеци, а поради тоа може да дојде до одолговлекување на некои работнички права на кои е почнато да се работи.
Откако ќе се формира новата Влада најавија дека веднаш ќе бараат средба за да преговараат за ново зголемување минималецот.
Очекуваат идните водачи на државата со најавениот ребалансот да обезбедат пари како што претходно се обезбедија за повисоки функционерски плати, но и за најавените апанажи кои дел од функционерите ќе ги добиваат една година.
Еве дел од поткастот на телевизија Телма кој премиерно ќе се емитува утре(07.06.2024) во 20 часот.
