Вести Македонија Топ вести

Управниот суд пресуди – Академијата за судии и јавни обвинители треба да го запре процесот на селекција

Одлуката на Антикорупциската комисија со која на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и се наложува да го запре процесот на обука и селекција на кандидати е правно издржана. Управниот суд вчера вечер донесе пресуда со која се потврдува одлуката на Антикорупционерите а пресуда која е дијаметрално спротивна со онаа што беше донесена од истиот суд десетина дена претходно.

Снимањето на судскиот совет при изрекувањето на пресудата не беше дозволено.

Во образложението на пресудата, судскиот совет на Управниот суд наведе дека Антикорупциската комисија, при повторното одлучување на седницата одржана минатиот петок ги применила насоките дадени во претходната пресуда на Управниот суд од 14 април кои се однесуваат на составот на комисијата при одлучувањето, компаративна анализа за одлуката од 2017 година и проценка на итноста за селекција на кандидати.

Судирот меѓу Академијата и Антикорупциската комисија дојде по доставен приговор дека се крши изборниот законик и ДКСК два пати носеше одлука дека селекцијата на кандидати мора да запре до завршување на изборниот процес односно избор на претседател, пратеници и Влада. Аргументите на Академијата „Павел Шатев“ беа дека станува збор за итен процес поради недостиг на кадар во судството и обвинителството и дека не станува збор за вработување на кандидатите кои иако добиваат плата бидејќи доколку не минат фаза од селекцијата треба да ги вратат примените средства.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе