Вести Македонија Најважни

МНР формираше кризен штаб за извлекување на македонските граѓани од Блискиот Исток

Македонското министерство за надвореши работи формираше кризен штаб за извлекување на македонските државјани кои се наоѓаат не само во Израел, туку во поширокиот регион на Блискиот Исток, откако синоќа Иран со дронови, крстосувачки и балистички ракети го нападна Израел, како одговор на нападот кој Израел го изврши пред две недели врз иранската амбасада во Дамаск.

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, информираше дека за извлекување засега може да се користи аеродромот во Тел Авив, кој е отворен, но со ограничен број летови и копнен пат преку Јордан.

Во Израел има најмногу 40 до 50 наши државјани, меѓу кои и семејствата на нашиот дипломатски персонал во Тел Авив. Амбасадата е целосно екипирана и така ќе остане. Амбасадор, висок дипломат и административен работник. И во 24 часовна комуникација сме со нив иако во однос на информациите и состојбите што ги добиваме, така и за потребата да бидеме сигурни дека тие се на безбедбно. Засега можам да потврдам дека е така и тие се на располагање на нашите државјани, информираше Бујар Османи, министер за надворшени работи.

Османи ги објави и броевите на кои македонските држвјани во Изрел можат да контактираат за да пријават оти саакаат да бидат евакуирани од Израел, но и граѓаните кои се наоѓаат во поширокиот регион на Блискиот Исток, како што се македонски студенти во Јордан, кои веќе го контактирале македонското МНР за помош за евакуација.

Од МНР во моментов немаат прецизна бројка колку македонски граѓани се наоѓаат во регионот. Македонскит државјани кои се наоѓаат во регионот може да ги контактират и другите македонски амбасади во државите на Блискиот Исток, како и амбасадата во Египет за да се пријават.

Се разбира ние имаме генерална бројка согласно пописот, согласно пријавените, меѓутоа не може да се има секогаш прецизна бројка на наши луѓе освне тие што ќе се пријавуваат за евакуација. Меѓутоа бидејќи ова навестува навистина поширок конфликт на Блискиот Исток со далекусежни последици, веќе нашите амбасади се ставени во функција на комуницирање со сите наши граѓани правење планови за евакуација, рече Османи.

Шефот на дипломатијата побара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, да свика Совет за безбедност во проширен состав со лидерите на политичките партии, поради тое што освен безбедносните закани од послендите случувања на Блискиот Исток, Македонија е под реална закана и од нов бегалски бран поради доколку ескалира состојбата таму.

Од Кабинетот на шефот на државата пак за Телма информираат дека претседателот е во постојана комуникациија со партнерите во НАТО.

Состојбата се следи внимателно, а во моментов се проценува дека нема безбедносна закана за Северна Македонија. Доколку се донесе одлука за свикување на седница на Советот за безбедност, јавноста ќе биде навремено информирана, наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата.

Османи денеска информираше дека со партнерите во НАТО, но и во ЕУ се прават кооординации за идното позиционирањ, иако тој денеска остро ги осуди нападите и насилствата на Блискиот Исток без оглед од која страна и да доаѓаат, дали од Иран, Израел или Хамас. Тој побара смирување на состојбата, бидејќи понатамошна ексалација, како што рече, може да ја помине точката од која нема враќање и да претставува сериозна закана за Трета светска војна.

Контакт телефони на амбасадата во Тел Авив:

+ 972 549 267 378

SOS дежурни телефони на МНР:

+389 75 273 732

+389 75 268 736

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе