Вести Економија Топ вести

Македонија станува прескапа за европската мода, а странските партнери производството го селат во земји со поевтина работна рака

Македонија станува прескапа за европската мода. Конфекциите пополека остануваат без работа. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека дека изминатиот период  драстично  е намален обемот на работа, бидејчи странските партнери го селат своето производство во земји со поевтина работна сила.

Ситуацијата се менува од ден во ден. Додека до пред месец дена баравме повеќе работници и повисоки цени за да можеме да ја качиме платата, сега странците видоа дека Македонија станува скапа за производство на текстил и отидоа во далечниот Исток и сега се судираме со проблемот немање на работа, изјави Ангел димитров од организацијата на работодавачи.

Според проценките на Димитров ова е и причина за повеќе од 20% кај некој компании да се намали производството на машка и женска конфекција. Загрижува состојбата во помалите конфекции.

Од компаниите коишто работат работна облека имат помал пад, додека оние кои работат модно, имаат многу поголем пад. Без разлика дали се работи за машка или женска конфекција. Кај некој од нив тој пад е поголем и од 20% и дел од нив се мислат до кога да останат и да ги затворат своите конфекции„ изјави Ангел Димитров од Организација на работодавачи, рече димитров.

Во оваа индустриска гранка годинава се очекува дополнителен пад на бројот на работници, но и на производството од 3 до 5 проценти.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе