Вести Македонија

Белиот мантил утре на протест пред Министерството за здравство

Синдикатот на Клинички утре за време на паузата од 10-10:30 часот излегува на протест пред Министерството за здравство. Бараат повисоки плати и подобри услови за работа. Очекуваат да се најде решение за нивните проблеми кои велат се многубројни. Но, нивното најголемо незадоволство е непотпишувањето на анексот на колективниот договор, кој беше изготвен и договорен уште во време на претходниот министер Меџити.

„Спојувањето на Клиничкиот центар беше актуелен последниве две години, меѓутоа уште не е ништо направено. Паркингот истотака е хаос. Бараме да се воспостави ред. Договорците на дело и специјализантите ќе бидат  приоритети во нашите барања. За договорците да им се смени работниот однос од определено во неопределено затоа што немаат ниту пензиско ниту здравствено, а некои од тие луѓе работат така повеќе од 15-20 години. Треба еднаш засекогаш да се стави крај на тој проблем“, изјави д-р Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички.

Здавствените работници со остри тонови, министерот со смирувачки. Преку соопштение по повод Светскиот ден на здравјето, Демири порача дека откако тој стапил на функција работи на зајакнување на здравствениот систем и најавува дека така и ќе продолжи.

„Фокусирани сме на зајакнување на превенцијата и раното откривање на заболувањата. Минатата година се воведоа шест нови лекови за ретки болести и пациентите со цистична фиброза за првпат примија лек. Инвестираме во нова медицинска опрема, со што двојно е зголемен буџетот за оваа намена, а исто така ги подобруваме и условите во јавно здравствените установи преку реконструкции“, објави Илир Демири, минитер за здравство.

Утре на протест заедно со Синдикатот на Клинички ќе излезе и Самостојниот синдикат за здравство при ССМ. Тие заеднички ги повикуваат сите политички партии да кажат што нудат и што ќе направат во јавното здравство во наредните четири години, а потоа и да потпишат предизборен договор со здравствените синдикати.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе