Спорт Тенис

Сабаленка почна со победа во Мајами, Рубљов не ја мина втората рунда (ВИДЕО)

На мастерс тенискиот турнир во Мајами многу од синоќешните дуели не се доиграа поради врнежите од дожд. Најголемото изненадување е поразот на петтиот фаворит Андреј Рубљов, додека Арина Сабаленка по тешките неколку денови по смртта на нејзиното поранешно момче успеа да ја мине втората рунда.

На мaшкиот дел од турнирот се комплетираа само два меча синоќа. Томас Махач го шокираше петтиот фаворит Андреј Рубљов и тоа во два сета со по 6-4 за да се пласира во 3.коло. Чехот за следен ривал ќе го има победникот од дуелот помеѓу Енди Мареј и Томас Ечевери.. Иго Умбер со 6-4 и 6-3 беше подобар од Ботик ван де Зандшулп. Останатите натпревари од синоќешната програма беа прекинати поради дождот и ќе продолжат денеска.

Втората светска тенисерка Арина Сабаленка во 2.коло ја совлада нејзината блиска пријателка Паула Бадоса со 6-4 и 6-3. Белорусинката имаше крајно емотивна недела поради смртта на нејзиното поранешно момче Константин Колцов. Во рамки на третата рунда Сабаленка ќе игра против Анхелина Калинина. Пласман во 3.коло обезбеди и третата фаворитка Коко Гоф, која со 6-1 и 6-2 ја победи Надиа Подорска, Екатерина Александрова ја победи Дона Векиќ во два сета, а победи остварија и Ема Наваро, Анастасија Пављученкова и Осеан Додан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе