Вести Економија Топ вести

Бектеши најави замрзнување на цени, казни и затварање доколку трговците ги покачат цените

Во наредните шест месеци, период во кој треба да се имплементираат одредбите од законот за забрана за нефер трговски практики, драстични поскапувања на цените нема да има уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Инфлацијата е под контрола а трошоците кои влијаат на цените се намалени и затоа доколку трговците ги покачат цените Бектеши најави дека во секое време може да се вратат некои владини мерки и одлуки но и да се донесат нови насочени. Тој не ја исклучи и можноста од затварање на ланци маркети.

„Ако во случај имаме големо зголемување на цените посебно на основните прехранбени производи секако дека ќе и предложиме на Владата мерки со цел да се ублажи , но јас верувам во општествената одговорност на трговците и големите ланци на маркети. Тоа може да биде замрзнување на цени, услови кои им се дадени од министерството за економија на одредени трговци а крајната мерка е затварање на одредени ланци на супермаркети кои би извршиле злоупотреби“, изјави министерот Бектеши

Министерот за економија побара од производителите да не подлегнуваат на притисокот на одредени трговци, кои во вакуумот до практичната примена на Законот за нефер практики, ги уценуваат со маржи до 30 отсто.

„Сакам јавно да ги повикам домашните производители да не паѓаат на такви финти на одредени доминантни ланци супермаркети. Јас не можам да одам поединечно кај секој домашен производител и да му кажам да не го прифати тој договор или тие услови бидејќи тоа е мешање во нивните односи и политики. И производителите со трговците односите ги средуваат сами. Има законска рамка по која треба да работат и тоа не треба да се злоупотреби“, рече Бектеши

Кога станува збор за листата на прехранбени и земјоделски продукти за кои маржата ќе биде ограничена до 10 отсто Бектеши соопшти дека е изготвена и доставена до стопанските комори и бизнис заедницата и дека чекаат повратни информации од нив во наредните десет дена за да може да ја заклучат.

„Во однос на листата на производи која произлегува од Законот за забрана на нефер трговски практики. Листата е подготвена и има над 2.500 производи земјоделски и прехранбени и истата веќе е доставена до стопанските комори. Најверојатно најдоцна за 10 дена ќе имаме фидбек и нивни предлози и сугестии и како министерството за економија ќе ја усвоиме листата и согласно таа листа секако дека сите чинители во делот на трговијата почнувајќи од производителите до трговците на мало треба да ги усогласат нивните договори и тоа да влијае врз намалување на цените на домашниот пазар“, изјави Бектеши

Во средата едногласно со 82 гласа ЗА во Собранието беше усвоен Законот за забрана на нефер трговски практики. Во законот се наведени 26 нефер практики, казните се движат и до 20 илјади евра и се забранува на трговците да им наплаќаат на добавувачите за внесување нов производ на пазарот, за преуредување на продавниците или за отворање нови, да ги условуваат со компензација или да им забранат да им продаваат земјоделски и прехранбени производи на други продавачи по пониска цена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе