Спорт Тенис

Алкараз против Синер во полуфиналето во Индијан Велс (ВИДЕО)

На мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс познати се полуфиналните двојки.

Синоќешните четвртфинални пресметки ги одбележе еден интересен феномен. На самиот старт на пресметката помеѓу Карлос Алкараз и Александер Зверев рој пчели го нападнаа теренот и стадионот. Имаше принуден прекин од еден час додека организаторот не го реши проблемот со непоканетите гости.

Алкараз издоминира против Германецот и славеше со 6-3 и 6-1 за место во полуфиналето. Таму Шпанецот ќе се соочи со Јаник Синер, кој игра во фантастична форма и во 2024 година има скор од 16-0. Синоќа Италијанецот го победи Јиржи Лехечка во два сета со по 6-3.

Во второто полуфинале ќе играат Данил Медведев и Томи Пол. Медведев со 7-5 и 6-4 го победи Холгер Руне, додека пак домашниот фаворит Пол во три сета беше подобар од Каспер Руд.

На женскиот дел од мастерс турнирот, првата фаворитка Ига Швјонтек одигра само еден цел сет против Каролин Вожњацки, што го доби со 6-4, па тенисерката од Данска се повлече поради повреда. Пољачката во полуфиналето ќе ги одмери силите со Марта Костјук, која синоќа беше подобра од Анастасија Потапова.

Второто полуфинале е помеѓу Коко Гоф и Марија Сакари. Гоф ја победи Јуе Јуан од Кина со 6-4 и 6-3, додека Сакари во три сета беше подобра од Ема Наваро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе