Вести Економија Топ вести

ЕСМ заштеди со дефектот во РЕК Битола, купената струја поевтина од произведената

Нов проблем во РЕК Битола го исклучи од мрежа најголемиот производител  во земјава, чија струја во моментов е поскапа од берзанската. Поради пукната цевка во третиот блок, единствениот на кој се потпираше централата, РЕК не произведува струја. Количините биле надоместени од домашните капацитети, односно од Осломеј, хидрото и ветерниците.

Веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денес во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен, велат од есм

Математиките, на ЕСМ покажале дека со набавките на струја во изминатиов период, успеале да ги намалат трошоците.

Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на електрична енергија, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа, пишува во дописот од ЕСМ

Извештаите до кој дојде Телма покажуваат дека ЕСМ набавува струја од почетокот на месецов. Нови договори со трговци се склучени за денеска, па се до 17 ти март.

Цените по кои се купува се движат од  60 до 76 евра за мегават час. Според, информациите цената на РЕК Битола е околу 110 евра, на ЕСМ нешто пониска. Па, според тоа новите количини струја ЕСМ ќе го чинат 2,26 милиони евра. Стотици евра помалку, отколку да работи РЕК Битола за кого ЕСМ со повикот кој го објави во февруари набавува двојно поголема количина на јаглен од предвидените во ланскиот повик. Според ХУПЕКС цената за март е нешто под 70 евра, но ЕСМ планира следната недела во функција да ги стави сите три блока.

Инаку, извештаите за набавка на количини струја, цените и трговците од кои се набавува ЕСМ веќе извесен период не ги објавува.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два земјотреси на Тајван еден по друг со јачина поголема од 5 степени

Дејан Дејан

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе