Спорт Тенис

Арналди само го налути Алкараз: Сите фаворити ја минаа втората рунда во Индијан Велс (ВИДЕО)

На мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс второто коло започна без поголеми изненадувања во машка конкуренција. Бранителката на трофејот во женска конкуренција, Елена Рибакина се повлече од турнирот поради болест.

Бранителот на трофејот Карлос Алкараз го загуби првиот сет против Матео Арналди во тај-брејкот, но во следните два славеше со убедливи 6-0 и 6-1 за да се пласира во 3.коло. Шпанецот за следен ривал го има Феликс-Оже Алиасим. Јаник Синер немаше проблеми против Танаси Кокинакис и го совлада со 6-3 и 6-0, додека Андреј Рубљов исто така во два сета го победи Енди Мареј со 7-6 и 6-1.

Пласман во 3.коло обезбедија и Александер Зверев и Стефанос Циципас, како и Алекс де Минор. Франсес Тиафо го победи Душан Лајовиќ во два сета со по 6-3, а во третата рунда се пласираа и Бен Шелтон, Александер Бублик, Франциско Серундоло, Талон Гриекспор и Јан-Ленард Штруф.

На женскиот дел од турнирот, првата фаворитка Ига Швјонтек ја совлада Даниел Колинс со 6-3 и 6-0 и во третото коло ќе се соочи со Линда Носкова. Испаднаа две топ 10 фаворитки. Шестата носителка Онс Жабер загуби од Кејти Волинец во два сета со по 6-4, додека Јелена Остапенко како десетта фаворитка загуби од Анџелик Кербер во три сета.

Каролин Вожњацки ја победи Дона Векиќ, а место во третата рунда обезбедија и Ана Калинскаја, Марта Костјук, Вероника Кудерметова и Анастасија Пављученкова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе