Спорт Тенис

Ѓоковиќ го доби својот ривал во 2.коло на Индијан Велс

На мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс утринава се играа натпревари од првата рунда. Новак Ѓоковиќ го дозна својот ривал во второто коло.

Александар Вукиќ од Австралија го совлада Шинтаро Мочизуки во два сета со по 7-6 и во второто коло закажа дуел со првиот фаворит на турнирот, Новак Ѓоковиќ. Лоренцо Сонего го победи Миомир Кецмановиќ  во два сета, додека Милош Раониќ, кој требаше да игра со Рафаел Надал пред Шпанецот да се повлече, го победи Сумит Нагал од Индија со 6-3 и 6-3.

Пласман понатаму обезбедија и Борна Чориќ и Душан Лајовиќ, Фабио Фоњини во три сета го победи Бернабе Запата Миралес, Гаел Монфилс со 6-1 и 6-2 беше подобар од Макс Парсел, а изненадување приреди Јунченг Шанг од Кина кој го победи Џордан Томсон.

На женскиот дел од турнирот, шампионката од 2018 година Наоми Осака ја победи Сара Ерани со 6-3 и 6-1 за место во втората рунда. Следна противничка на Јапонката ќе биде Лјудмила Самсонова. Поранешната тенисерка број 1 Каролин Вожњацки ја победи Лин Жу од Кина со 7-6 и 6-1. Ветеранката Венус Вилијамс од Нао Хибино во три сета, а Каролина Плишкова исто така загуби од Ана Блинкова. Пласман во следната рунда обезбедија Слоун Стивенс, Ема Радукану, Катерина Шиниакова, Лучија Бронцети и Лесија Цуренко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе