Спорт Тенис

Де Минор втора година по ред со трофејот во Акапулко (ВИДЕО)

Алекс де Минор го одбрани трофејот на тенискиот турнир во Акапулко откако го победи Каспер Руд во големото финале и тоа во два сета.

Тенисерот од Австралија ја продолжи својата одлична форма во 2024 година и стигна до својот прв трофеј со триумфот од 6-4 и 6-4 против Норвежанецот. За Де Минор ова е вкупно осма АТП-титула во кариерата и втора во Акапулко. Ја оствари првата победа против Руд уште од 2019 година.

Со оваа титула, Де Минор на најновата АТП ранг-листа што ќе излезе утре ќе остане меѓу најдобрите 10 светски тенисери, но ќе падне една позиција на десеттата, а деветти ќе биде тенисерот што го совлада во Акапулко, Каспер Руд.

Од утре почнува мастерст тенискиот турнир Индијан Велс во машка и женска конкуренција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе