Вести Македонија Топ вести

Едно лице загина, две се повредени – тешка сообраќајна несреќа меѓу Велес и Штип

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Штип-Велес, кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Според првичните информации, двете повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.

Несреќата се случила околу 18:20 часот и во неа учествувале две возила „сузуки“ со светиниколски и „БМВ“ со радовишки регистарски таблички. Истражните органи во моментот вршат увидот на местото на несреќата, а сообраќајот на патниот правец е во прекин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе