Вести Економија Македонија

Цените на производите оставени на совеста на трговците

Ќе им се остави ли повторно простор на трговците да си играат со цените? Од денеска кога повеќе не важи мерката “ гарантирана цена” пазарен  може само да врши контрола , но не и да делува. Единствено ако при вчерашните контроли  кога се уште била мерката на сила утврдиле неправилности во тој случај пазарен може да затвара и тоа на повеќе од 20 дена.

Од друга  страна пак  Законот за нефер трговски практики кој треба да стави крај на манипулациите со цените е заглавен во Собрание. Па, од тука сите повици  повторно се кон Комисијата за заштита на конкуренцијата, која пак пред неколку месеци кога имаше сериозен скок на цените, особено на овошјето и зеленчукот се изјасни дека тие самоиницијативно и по допрен глас без претставка не можат да проверуваат дали трговците картелски се договараат за цените.

Тогаш, Вицепремиерот Битиќи лично отиде во Комисијата да достави молба. Сега кога паѓаат мерките за цените повторно ја повика оваа Комисија.

-Го гледам денеска денот пред точно 6 месеци бев во комисијата ми рекоа дека процесот може да трае година дена сметам дека стариот состав ја има започнато работата има нов состав кажувам ако задутре имаме индиции дека има однесување такво на пазарот  ќе отидам пак во комисијата и ако не можат да направата нешто по допрен глас ќе дадам претставка. Конечно е дојдено времето секоја институција  да реагира. Комисијата за заштита на конкуренцијата и организацијата на потрошувачи се најповикани во ваква ситуација, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Спасот од манипулациите со цените надлежните сега го гледаат во Законот за нефер трговски практики кој се надеваат дека ќе ги реши сите проблеми. Од Министерството за економија апелираат до пратениците да го донесат овој законот. Презентацијата беше направена во октомври, а пред Нова година беше доставен во законодавниот дом.

Во меѓувреме минималната потрошувачка кошница достигна до речиси 1000 евра. На едно четиричлено семејство му требаат толку пари за да ги задоволи основните потреби во месецот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе