Вести Кошарка Македонија Спорт

ФОТО галерија: Претседателски кандидати, министри, градоначалници….политичарите се собраа во Кале

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во СРЦ Кале го играше првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство, а противник ни беше селекцијата на Естонија.

Репрезентацијата на Македонија во моментов е далеку од врвот на европската кошарка, но вечерва крај теренот немало поголема бројка на политичари дури и во времињата кога нашиот национален тим беше меѓу водечките селекции на Стариот континент.

Кандидати за претседател, министри сегашни и поранешни, градоначалници актуелни и некогашни. Политичарите доминираа крај теренот, а тоа е само најава дека за некој месец во земјава ќе има избори па добро е секој од нив да биде виден и на еден спортски натпревар.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе