Вести Економија Македонија

Поскапо никогаш не било, граѓаните револтирани од ценовниот шок кој никако да заврши

Поскапо никогаш не било, ова повеќе никој не може да го издржи. Граѓаните  не можат да си поверуваат што се случува со цените. Пред камерата на Телма зборуваат дека ништо не е намалено ниту пак очекуваат дека ќе има некое поевтинување. Трошоците  за потребните работи во месецот постојано се зголемуваат поради што се принудени  да се лишат од некои работи. Велат со месеци се зборува за високи цени и никој ништо не презема.

-Премногу е скапо се,  еве купив леб и кафе, тоа ќе јадам, вели граѓанин.

-Премногу е скапо, за да одиме во театар или кино не можеме ниту да размислуваме,, разочарани сме од се.  Да имам 40 години не би останала тука, ги разбирам младите ова е срамота….

-Најскапо што може да биде во свет, поскапо никогаш не било, се е поскапено и ова веќе е неиздржливо. Примањата не стигнуваат за ништо ,му стигнуваат на тие што зимаат пари кои и тие не знаат колку имаат…

Трговците не очекуваат оваа година да има некој драстичен скок на цените на овошјето, но нема ниту да бидат поевтини.  Разочарани се што во оваа држава повеќе нема кој да се занимава со земјоделство.

-Јас работам 40 години, порано што работеа тие луѓе сега се или болни или не се живи младите сакаат само пред компјутер без мотика нема јадење. Може ќе биде и потешко. Не верувам дека ќе има плус екстра високи цени, може би би се задржале на ланските, но ништо не се знае, вели трговец на пазар

Според, податоците на ССМ за период од речиси две години односно од јануари 2022 до ноември лани месечните основни трошоци на едно четиричлено семејство пораснале за речиси 9.000 денари. Ова е до пред да се промени методологијата на пресметка на синдикалната минимална кошница.

Ако пак се земе и месец декември, кога веќе се користи новата формула за пресметка, основните трошоци за живот, за минатата цела година се зголемиле за над 13 илјади денари.

Според, последните податоци на синдикатот на едно четиричлено семејство во месецот за да ги покрие основните трошоци за живот му се потреби речиси 1.000 евра.

Од табелата на ССМ може да се види дека минималната плата не покрива ниту половина од трошоците. А може да се види дека ниту просечната  плата никогаш не била доволна за да се подмират основните трошоци.

Но, она што е интересно е што според статистиката инфлацијата паѓа. Последниот податок покажува дека во јануари годинава изнесува 3, 2 проценти. Највисока инфлација е регистрирана во ноември 2022 кога достигна до речиси 20 отсто.

Надлежните носеа мерки за ублажување на ценовниот шок. До крајот на месецов  важи гарантирана цена. Но, министерството за економија ќе ги анализира движењата на цените на пазарот, и следната недела ќе се донесе конечна одлука дали ќе се продолжи мерката или не.

Законот за нефер трговски практики пак  ја заврши комисиската расправа и се очекува до крајот на месецов да биде донесен. Со овој закон треба да се стави крај на манипулациите со цените на основните прехрамбени производи.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе