Вести Економија Топ вести

ССМ: На едно четиричлено семејство со две минимални плати му недостигаат речиси 300 евра за да го преживее месецот

57.476 денари е минимумот потребен на четиричлено семејство за да го истурка месецот февруари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати. Тоа значи дека на семејство каде двајцата родители се со минимален доход ќе им недостасуваат речиси седумнаесет и пол илјади денари.

Доколку семејството живее под кирија оваа сума драстично се зголемува и тогаш синдикалната кошница за месец февруари изнесува 72.851 денар, сума кој едвај може да се покрие доколку двајцата родители се со просечна плата од по 38 илјади денари

Споредено со минатиот месец синдикалната кошница се зголемени за 313 денари без, и 213 денари со стан по кирија.

Најголема ставка се храната и пијалаците – 21.219 денари а потоа се образованието со 7.022 денари и режиските трошоци со 6.014 денари. За транспорт месечно четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари, а за рекреација и култура 4.245 денари. За двете ставки, лична хигиена и хигиена во домот, односно за здравје, треба да се одвојат вкупно 2.912 денари.

Методологијата за пресметување на синдикалната кошница, која во изминатите десетина години често беше оспорувана, од Владата и надлжените во декември минатата година претрпе измени а пресметките и анализите за висината на минималната синдикална кошничка ги изработија двајца поранешни министри за финансии, Никола Поповски и Драган Тевдовски.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе