Кошарка Спорт

На Ол-старот во Индијанаполис срушени низа рекорди (ВИДЕО)

Тимот на Истокот го победи Западот на НБА Ол-стар натпреварот што се одигра утринава во Индијанаполис. На ова 73-то издание на собирот на најголемите кошаркарски ѕвезди беа срушени низа рекорди.

Истокот славеше со 211-186 против Западот и беше поставен нов рекорд по бројот на постигнати поени. Овој натпревар стана најефикасниот во историјата со вкупно 397 поени и го сруши претходниот рекорд од 374 поени поставен во 2017 година.

За прв пат во историјата еден тим ја мина границата од 200 постигнати поени, а претходниот рекорд беше 196. Истокот постигна и 42 тројки со што исто така беше поставен нов рекорд.

Најефикасен играч на натпреварот беше Карл Ентони Таунс со 50 поени, но МВП титулата отиде кај Демијан Лилард од победничкиот тим, кој имаше 39 поени од кои дури 11 тројки. Леброн Џејмс кој по 20-ти пат настапи на Ол-стар натпреварите имаше скромен учинок со 8 поени и 14 минути игра.

Не се испотија многу ниту балканските ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, кои имаа 13, односно седум поени.

Дека овој натпревар има само ревијален карактер и покажува и фактот дека беа направени само три прекршоци. Идната година Ол-стар натпреварот ќе се одржи во Сан Франциско во „Чејс арената.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе