Спорт Фудбал

Марка: Мбапе потпиша за Реал Мадрид и ќе го преземе дресот на Модриќ

Килијан Мбапе минатата недела му соопшти на ПСЖ дека заминува од клубот како слободен агент по завршувањето на актуелната сезона. Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Французинот веќе потпишал договор со Реал Мадрид.

Се чини трансфер-сагата на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е при крај. Францускиот напаѓач веќе потпишал договор со „кралевите“ и тоа на пет години. Интересно е тоа што Мбапе во Мадрид ќе заработува многу помала плата од актуелната во Париз.

Наводно таа ќе изнесува 20 милиони евра по сезона што е многу помалку од сегашни 75 милиони евра. Сепак, ќе добие бонус од 50 милиони евра за потpис на договорот, а засега не е јасно кога ќе биде неговата промоција на „Сантијаго Бербабеу“.

Шпанските медиуми веќе на големо шпекулираат дека Мбапе ќе го носи дресот со број 10 во Реал, што ќе го наследи од Лука Модриќ, кој е на излезни врати од „Бернабеу“ по 12 години.

Фудбалерот летово ќе биде исклучително зафатен, бидејќи ќе игра за Франција на Европското првенство во Германија, а потоа сака да настапи за својата татковина и на Олимписките игри во Париз во месец август.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе