Вести Економија Македонија Топ вести

Ќе си одам јас, ама ќе останат министрите, Азески објасни како изгледа средба на премиер и министри со бизнисот, кој реагира на третманот од сите кои управуваат со државата

На автопатот Кичево – Охрид стои механизација вредна 40 милиони евра, а нивната искористеност е само 20 отсто. Во 21 век за изградба се користи проект од 18 век. Бизнисот реагира. Зошто секоја влада која ќе дојде  да ја води оваа држава за реализација на домашни проекти ангажира странски фирми. Велат постои едно мислење дека ние тоа сами не можеме да го направиме. Но, деловите од Кичево Охрид за кои беа ангажирани  македонски компании се направени. Потсетија дека на времето домашните градежни фирми биле присутни на сите континенти, а сега не можат дома да сработат нешто.

Во 1942 или 43 година имало само четири  до  пет  инженери и тие ги направиле сите хидроцентрали во земјава, со кои ние имаме струја. Како може ние сега Чебрен да не може сами да го направиме, вели  Страшо Милковски од  Гранит

Обвинија дека ниту една влада до сега нема доволно слух за бизнисот и за нивните приоритети. Претседателот на најголемата комора Азески се обиде кратко да објасни како изгледа една средба со претставници од Владата, на која бизнисот сака да ги каже проблемите.

 -Ќе си одам одма јас,  ама ќе останат министрите тука ќе гледаат, а тој кога ќе си оди министрите пред него си одат не може таков однос ти треба да имаш респект да влезеш во оваа куќа ако немаш не влегувај ако не ти требаа оваа куќа избриши ја, вели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Критики упатија и за високиот процент на сивата економија за која со години бизнисот алармира. Дадоа предлог како да се реши.

-Има многу механизми но ќе издвојам само два. Бидејќи главна доминантна улога на сивата економија е готовината. Треба таа да се истиснува. Има мерки една од тие е да се воведе давачка од 0, 5 отсто при подигање готовина од банка да се демотивираат луѓето да ја вадат готовината од системот.  И сега треба да се печатат и нови пари, со Северна и тие треба да ги номинираме, вели Павле Гацов, даночен експерт  

Велат дека е крајно време во следните десет години да се зборува за економија и да почнеме да генерираме солидни стапки на раст. А идната влада, веднаш да стави крај на работата на црно.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе