Вести Економија Топ вести

Битиќи контра министерот за економија кој ќе бара повлекување на предлог-законот за централата во Железара што треба да ја гради грчки Митилинеос

Битиќи контра министерот за економија. Вицепремиерот смета дека во предлог-законот за централата во Железара која треба да ја гради грчки Митилинеос, а којшто е во Собрание нема ништо спорно.

Од друга страна пак, министерот за економија на владина седница ќе бара предлог-законот да се повлече, а преговорите со инвеститор да почнат одново.

Причината за тоа е што некои инвеститори добиваат преголеми бенефиции – неколку видови државна помош, а тоа го немало во ниту една земја.

Вицепремиерот Битиќи кажа дека во Владата имало таков предлог, но стои до своето дека  Митилинеос не треба да се повлече од собраниска процедура.

Од друга страна и од  Комисијата за заштита на конкуренцијата има забелешки токму за државната помош. Побарала владата да ги преиспита тие одредби и да ги избрише обврските кои се предвидени со спорниот закон, а со кои се предвидувало Комисија да ја одобри ваквата помош.

Комисија за заштита на конкуренцијата: Во едната верзија од предлог договорот стои член 11 (Поттикнувачки мерки) кои меѓу другото предвидува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го поддржи  и одбрани доделувањето на пакетот на државна помош пред надлежните судови. Ова е целосно неприфатливо и Комисијата бара бришење на оваа формулација.

Од ваквиот став на Комисијата произлегува дилемата дали има две верзии на законот бидејќи во текстот испратен до пратениците и објавен на собраниската страница ваквиот член што го споменува Комисијата не постои.

Исто така Комисијата побарала од давателот на државната  помош да го достави предлог договорот до Комисијата пред тој да се потпише.

За Митилинеос реакции имаше и од експертската јавност. Нивните анализи покажаа дека инвеститорот ќе се богати на сметка на штетата која ќе ја претрпи државата.

Според, информациите на некоја следна владина седница министерот за економија ќе бара повлекување и на предлог законот за изградба на централата во Пехчево.

Инаку, вкупно се четири предлог закони за изградба на фотоволтаични гасни централи. Сите инвеститори добиваат низа поволности од државата, кои домашниот бизнис ретко може да ги ужива.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе