Вести Економија Македонија

Здружението на инженери со барање до правобранителите за пристап до информации од јавен карактер на записот со позитивно мислење на стратешките инвестиции

Здружението на инженери до Правобранителството и до сите правобранители поединечно упати Барање за пристап до информации од јавен карактер со кое побара да ни се достави Електронски запис од актите со кои имаат дадено ПОЗИТИВНИ мислења по предлог-договорите за стратешки инвестициони проекти како и предлог законите со кој се уредува реализацијата на стратешките инвестициони проекти, врз основа на кои Владата ги донесе Одлуките за утврдување статус на 12 стратешки инвестициони проекти. Во продолжение го објавуваме интегралниот текст.

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република С Македонија број 101/2019), од имателот ја барам следната информација од јавен карактер:

Електронски запис од актите со кои имате дадено ПОЗИТИВНИ мислења по предлог-договорите за стратешки инвестициони проекти како и предлог законите со кој се уредува реализацијата на стратешките инвестициони проекти, врз основа на кои Владата ги има донесено Одлуките за утврдување статус на 12 стратешки инвестициони проекти.

  1. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Фабрика за производство на зелена енергија“
  2. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Ветерна електрана – Вирови“
  3. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Сончева електрична централа – Ерџелија“
  4. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“
  5. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Грид-тиед солар плант“
  6. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Хец Солар“
  7. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци“
  8. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Митилинеос Когенеративна постројка Скопје“
  9. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Ски Центар Тетово Попова Шапка“
  10. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Фотоволтаична централа Балдовенци“
  11. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Ениас ветерна електрана“
  12. Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Аим греен ТЕЦХ“.

Врз основа на тоа, потоа Владата има дадено согласност на предлог-договорите за стратешки инвестициони проекти и го има утврдено текстот на предлог законите со кој се уредуваат реализацијата на стратешките инвестициони проекти.

Дополнително бараме да ни ги доставите датумите (или електронска форма на актите) кога до Вас се упатени Барањата за мислење од Комисијата за стратешки инвестициони проекти, како и датумите (или електронска форма на актите) кога Вие ги имате доставено ПОЗИТИВНИТЕ мислења за сите 12 претходно наведени предлог-договори за стратешки инвестициони проекти како и предлог закони со кој се уредува реализацијата на стратешките инвестициони проекти врз основ на кои се донесени дванаесетте Одлуки за утврдување на статус на стратешки инвестициони проекти.

Актите кои ги бараме се уредени со членот 15 од Законот за стратешки инвестиции во Република С Македонија во ставовите 5 и 6 каде е определена Вашата должност во рок од седум работни дена од денот на доставеното барање од Комисијата за стратешки инвестициони проекти да дадете мислење по предлог-договорот за стратешки инвестиционен проект како и предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект, врз основа на кое Ваше ПОЗИТИВНО мислење Владата донесува одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект и дава согласност на предлог-договорот за стратешки инвестиционен проект и го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе