Вести Економија Македонија

ТЕТО може да здивне, Битиќи само се шегувал за исклучувањето

Прво кажа дека ќе го исклучи ТЕТО затоа што е руско, но два дена подоцна тврди  дека тоа било шега. Вицепремиерот Битиќи денеска се обиде да го објасни одговорот кој го даде на брифингот со новинарите во Владата на прашањето што ќе се случи со сегашното ТЕТО , кога грчки Митилинеос ќе ја  изгради новата когенеративна централа во Железара и се појават вишоци на топлинска енергија. Но потсети и дека се носат европски инвестиции.

-Ние носиме европски инвеститори кои можат лесно да се видат кои се јасни без никаков корозивен капитал во нивната работа и затоа реков, ја направив таа шега така да кажам дека што ако се направи оваа инвестиција што ќе биде со ТЕТО реков ако не е потребно ќе се затвори , така што останувам на фактот дека нашата конкурентност  мора да се креира преку  носење на инвестиции , вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Но,  интересно е што во 2020 година дел од странските медиуми објавиле дека грчки Митилинеос и Газпром Експорт подружница во целосна сопственост на рускиот гигант Газпром потпишале долгорочен  договор за снабдување со природен гас. Во медиумите пишува дека  договорот важи во периодот од 2020 до 2030 година и  не се прецизирани количините на гас. Овој договор нема информација  дали  е раскинатТето  со почнувањето на конфликтот во Украина.

Инаку, од сите четири стратешки инвестиции, најмногу реакции има токму за грчки Митилинеос. Анализите на експертите покажале дека освен што тие ќе добијат државна помош ќе имаат загарантиран откуп на производството и тоа по цени повисоки од берзанските, нешто што од владата го негираат.  Во стратешките се и изградбата на централи во Свети Николе, Штип, Пехчево. Сите имаат низа поволности кои ретко ги ужива домашниот бизнис. И покрај обидите на дел од инженерите да го стопираат носењето на предлог законите за стратешки инвестиции, тие по скратена постапка ќе го поминат собранискиот филтер.

Ирена Чачкова

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе