Вести Економија Топ вести

Пет компании се пријавиjле за изградба на гасоводот до Грција

На меѓународниот повик за изградба на македонскиот дел од гасоводот до границата со Грција се пријавиле пет компании, четири странски и една домашна.

Четирите надворешни фирми генерално се конзорциуми. Сите понудиле пониска цена од проектираната сума.

Огласот беше затворен на први февруари, а проектот беше проценет на вредност од 57,8 милиони евра, но меѓувреме поради енергетската и воената криза оваа сума порасна на над 83 милиони.

15 милиони евра од нив се во форма на грант, пари кои ќе се искористат за градба, надзор и проактирање, а останатите средства ќе се обезбедат преку заем.

Од Номагас велат дека не е поставен краен рок до кога да се избере кој ќе го гради гасоводот, а додаваат и дека процесот би можело да потрае поради обемната документација.

Но очекувањата се дека ако се оди како што треба со изградба би се почнало до крајот на март.

  • Конечно ќе се тргне зависноста на преносот на гас преку Бугарија но и од употребата на руски гас. Тоа не значи дека гасот од Руската федерација нема да се користи, но сепак се создава можност за конкуренција во снабдувањето од повеќе извори, изјави за Телма Бајрам Реџепи директор на Номагас.

Интерконекторот кон јужниот сосед на нашата земја треба да ѝ обезбеди посигурно снабдување со природен гас, како и диверзификација на изворите од каде Македонија досега го набавуваше гасот, односно руски „Газпром“.

Единствената прекугранична гасоводна врска што ја има Македонија во моментов е со Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе