Вести Економија Македонија Топ вести

Случај мазут за ТЕЦ: Битиќи се уште не го добил писмото кое ДКСК го достави во влада за да покрене меѓународен спор со Хеленик

Иако Битиќи е надлежен во владата и го води телото за меѓународни арбитражи, денеска рече дека се уште не го добил писмото кое од ДКСК е препратено на Илинденска со иницијатива да се покрене спор против ОКТА откако Антикорупциска утврди тргување со инсајдерски информации и злоупотреби при набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.

Целиот извештај е доставен и до владата за да разгледа можност и да покрене меѓународен спор со Хеленик за евентуално прекршување на меѓународниот договор за купопродажба на рафинеријата која сега е ОКТА поради некористење на нафтоводот. Ама не стигнал и до вицепремиерот надлежен за тие работи.

Битиќи вели дека ја гледал емисијата КОД на тема мазут за ТЕЦ од РКМ виа ОКТА и Хеленик и дека аргументите кои ги спомнува Антикорупциска во својот извештај биле употребени од владата во постапките на меѓународна арбитража.

ОКТА односно Хеленик досега водеше две постапки против Македонија, по кои Македонија е осудено да и плати на грчката фирма над 61 милион евра за отштета бидејќи не бил почитуван договорот од 1999-та. Договорот имал правна важност до 2019-та.

Но, при енергетската криза пред две години, ОКТА во понуда до ЕСМ доставила одговор дека не може да испорача доволно мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, што всушност според ДКСК е спротивно на количините гарантирани со договорот, кој е истечен во 2019-та.. Тендерите потоа ги добива РКМ кој мазутот го купува од Хеленик и го носи во ТЕЦ иако ДКСК откри намалена количина доставена до електраната.

Поради злоупотребите кои овозможиле ваква набавка, ДКСК поднесе до Организиран Криминал и иницијатива за кривично гонење против министерот Крешник Бектеши и поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе