Спорт Тенис

Алкараз и Медведев во осминафиналето, Швјонтек испадна од Австралија опен (ВИДЕО)

На Австралија опен денеска неколку големи изненадувања во машка конкуренција, но и шокантна елиминација на првата носителка кај тенисерките, Ига Швјонтек.

Карлос Алкараз за прв пат во кариерата се пласираше во 4.коло на Австралија опен. Шпанецот утринава водеше со 6-1 и 6-1 по првите два сета, кога во третиот неговиот ривал од Кина Шанг Јунченг го предаде мечот поради повреда. Во осминафиналето Шпанецот ќе се соочи со Миомир Кецмановиќ, кој во пет сета го победи го победи Томи Пол.

Данил Медведев за разлика од претходната рунда кога играше пет сета, денеска беше далеку поубедлив против Феликс Оже-Алиасим. Третиот носител славеше со 6-3, 6-4 и 6-3 и во осминафиналето ќе се соочи со Нуно Борхес, кој го изненади Григор Димитров.

Камерон Нори во четири сета го елиминираше 11-тиот носител Каспер Руд од Норвешка. Артур Казо од Франција, кој настапува со вајлд-карта продолжува да биде најголемото изненадување на машкиот дел од грен слемот. Младиот 21-годишен тенисер го победи Талон Гриекспор во три сета и во следната рунда ќе игра со Хуберт Хуркач.

На женскиот дел од Австралија опен, Линда Носкова предизвика голем шок со победата од 3-6, 6-3 и 6-4 против најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек. Поразот на Пољачката во третата рунда од 19-годишната тенисерка од Чешка, која е рангирана на 50-тото место на ВТА-листата, е најрана елиминација на прва носителка на Австралија Опен уште од 1979 година.

Викторија Азаренка со 6-1 и 7-5 ја победи Јелена Остапенко. Јасмин Паолини славеше против Ана Блинкова, а во осминафиналето се пласираа и Ана Калинскаја, Дајана Јастремска, Чинвен Женг, и Осеан Додан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе