Вести Македонија Топ вести

Куќен притвор бара одбраната на таткото на Вања за да се задржи кохезијата на семејството

Куќен притвор бара одбраната на таткото на Вања Ѓорчевска, Александар кој е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка. Судија на претходна постапка пред неколку дена на барање на обвинителството му го продолжи притворот за 30 дена, како и на останатите осомничени во случајот Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски.

Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ вели дека свесен е оти постапката околу укинувањето на притворот ќе трае.

„Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија“, вели Туфегџиќ.

МВР и обвинителството врз основа на  исказите на осомничените, соопштија дека  првоосмничениот за убиството на Вања, Љупчо Палевски Палчо им кажал дека Ѓорчевски му ги дал информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама. Ѓорчевски за време на распитот негираше било каква инволвираност.

Посебниот предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, следи по објавата на контроверзниот политичар Срѓан Ного, кој објави видео и аудио снимки и тврди дека Ѓорчевски е неправедно осомничен и дека тој  го решил случајот со грабнувањето на неговата ќерка, а не полицијата.

„До надлежниот Јавен обвинител е доставена ургенција за постапување со оглед дека лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица превземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во период од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видео записите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан“, додава Туфегџиќ.

Од обвинителството претходно соопштија дека се обезбедени сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движење на осомничените и нема опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе