Вести Економија Македонија

Гоцевски: Ако имало одлив на кадар во ЕСМ, како не забележале, како го дозволиле и зошто досега се чекало за вработувања

Како и министерот за информатичко Алиу, така и премиерот Ковачевски негира дека објавените огласи за вработување на над 500 лица во ЕСМ, но и во остатокот на јавниот сектор  се поврзани со изборите. Вели тие се далеку и сигурен е дека овие вработувања се за да се пополнат потребните работни места.

Денеска се огласија и од ЕСМ. Од компанијата велат дека од 2020 година до сега бројот на вработени се намалил за 1190 од кои најголем дел биле од позициите во производниот процес, а малкумина од административниот дел.

„АД ЕСМ има најголема потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87% од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12% се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес“, соопштуваат од ЕСМ. 

Дел до познавачите пак велат ако имало поголем одлив на кадар зошто тоа го дозволиле и зошто за нови вработуваа се чекало до сега. Но и дека бројот на објавени огласи отстапува од забележаниот тренд во целиот јавен сектор.

„Не е спорно дека им требаат. Луѓе заминуваат и се вработуваат, особено мора да признаеме дека станува збор за квалификуван кадар, кој е баран и од приватниот сектор, но и надвор и можам да разберам ако некој заминале за подобра работа. Но, ова е спекулативно согледување затоа што не знаеме што се случува таму и треба да се запрашаме ако имале поголем одлив како не го забележале, како го дозволиле и не ги распределени вработувањата да одат порано и зошто се чекало до сега“, изјави универзитетскиот професрор, Драган Гоцевски. 

Според Гоцевски, огласите се отворени, но прашањето е дали воопшто ќе се најдат потребните вработени.

Огласите на ЕСМ се опишани низ шест страници, во весниците. Се бара кадар за Осломеј, РЕК Битола, за ХЕЦ Црн Дрим- Струга. Но, со оглед на тоа дека според планот за енергетска транзиција термоцентралите треба да се исклучат до 2030 година, а од кадарот за работа ќе нема потреба, се отвара прашањето за што ќе служат новите работници и што потоа со нив.

Освен во ЕСМ, се бара кадар и по министерства, јавни претпријатија, агенции.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе