Вести Македонија

Вчерашниот дефект саниран, новиот ќе се решава утре

Обидувајќи се да поправат една штета, направиле друга. Поради пукната водоводна цевка во Центар вчера беа поплавени неколку домови. Вработените од „Водовод“ обидувајќи се да се справат со поплавата предизвикана од пукнатата цевка, оштетиле друга која носи вода до еден од оштетените домови. Денеска сите добија вода, освен тие. Немаат вода за пиење, бидејќи таа сега завршува во нивниот двор. Се јавиле во „Водовод“ и побарале помош, но денеска нема да ја добијат. Од „Водовод“ објаснуваат дека екипите работеле деноноќно и замолија оштетените да се стрпат до утре.

„ Вчера бидејќи имаше поголема количина на вода и дел од таа вода беше дојдена до неговиот објект. Со цел да се оневозможи поплавување на објектот од страна на нашите екипи направен е дренажен канал со цел да се издренира таа вода за да не навлезе во објектот.  Бидејќи колегите како што ви спомнав рано утрово дури до 4 часот и истите се преморени. Во кординација со господинот договорено е утре рано изутрина нашите екипи да излезат на терен и да го санираат настанатиот дефект“, вели Горан Ковчегарски, раководител на сектор Водовод.

Градоначалникот на општина Центар вели дека иако проблемот е настанат од страна на градското претпријатие, тие како општина ќе се обидат да помогнат.

„Јас во текот на денешниот ден бев на терен, во домаќинствата и фирмата која што работи со медицинска опрема за да видиме какви  штети се направени. Како општина ќе поразговарме, ќе ги поканиме и фирмата и луѓето кои што имаат штета во текот на утрешниот ден за да видиме колкави се штетите и што ние како општина можеме да помогнеме“, вели Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар.

Околу 18 часа вчера граѓаните на Центар беа оставени без вода. Од „Водовод“ кажаа дека е сериозен проблем затоа што се работи за голема водоводна цевка. Додека се санираше дефектот, цистерна со вода ги снабдуваше погодените територии. Од рано изутринава дефектот е решен и сите граѓани имаат вода. Останува да се изврши проценка на материјална штета.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривичен известен за притворот на Палевски, не се знае кога ќе дава исказ

Дејан Дејан

Изборот на матичен гинеколог и редовните прегледи се клучни за женското здравје

Дејан Дејан

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе