Вести Економија Топ вести

На само еден ден пред да се воведе дневната евтината тарифа, ЕСМ му понуди на ЕВН ХОУМ 7,5 % поскапа струја за домаќинствата

Педесет и седум евра за мегават час е цената која што ЕСМ ја понуди на тендерот на Универзалниот снабдувач, ЕВН ХОУМ. По оваа цена државните електрани ќе ја продаваат својата електрична енергија во следните шест месеци за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Таа е за 7,5 проценти повисока од сегашната која изнесува 53 евра. Освен што понуди поскапа струја ЕСМ до ЕВН ХОУМ нема да испорача ниту 100 проценти од потребната количина, туку 95 отсто. Од цената на ЕСМ пак  најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните следната година.

  • Дополнително, за покривање на останатите 5% од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби најповолна понуда од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 120,01 евра за мегаватчас. Освен АД ЕСМ, на тендерот учествуваше и Соле24 ДООЕЛ. За покривање на загубите на електрична енергија, Електродистрибуција доби најповолна понуда од АД ЕСМ, и тоа по цена од 105 евра за мегаватчас. Претходно оваа цена изнесуваше 100 евра за мегаватчас, се вели во допсиот на ЕВН ХОУМ.

Во крајната цена влегуваат и други параметри. Сега на потег е Регулаторна која треба да каже што од барањата на другите енергетски компании МЕМО, МЕПСО, Електродистрибуција ќе биде прифатено.

Дел од нив веќе доставиле пресметки до РКЕ. Овој пат новата цена наместо регулаторите, ЕВН ХОУМ ќе ја пресмета, но пред да ја соопшти треба да добие амин од РКЕ. Новата цена треба да се соопшти до крајот на годинава и да важи од јануари. И додека се пресметува, од утре 170 илјади домаќинства ќе добијат дневна евтина струја од 13 до 15 часот.

Ова се сите кои имаат дигитални броила. Останатите 650 илјади ќе ја добијат во текот на декември затоа што нивните струјомери треба рачно да се прилагодат.

  • Корисникот може да препознае дали му е сетирано броилото на евтина тарифа од 13 до 15ч. после 1-ви декември, доколку му се појави соодветната ознака за евтина тарифа во наведениот временски период, се вели во допсиот од ЕВН.

До крајот на годината треба да се избере и нов Универзален снабдувач. Дали ќе остане австриски ЕВН ХОУМ или ќе биде ЕСМ Продажба или некој друг ќе се знае наскоро.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе