Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови претежно во северозападните делови од земјата ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе го промени правецот од југозападен во северен.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 9°C, а максималната од 14 до 21°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Берово, 1 Лазарополе, Битола, Струмица, 2 Скопје-Петровец, Демир Капија, Куманово, Тетово, Крива Паланка, 3 Гевгелија, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 4 Охрид, Скопје-Зајчев Рид, 5 Виница, 6 Попова Шапка, Маврови Анови, Крушево, Велес, 8 Дојран.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 14.5, Дојранско Езеро 18.4
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
