Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално поројни проследени со појава на грмежи. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13°C, а максималната од 13 до 19°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Берово, 0 Попова Шапка, 1 Крива Паланка, Лазарополе, Маврови Анови, 2 Прилеп, Демир Капија, Скопје-Петровец, Битола, 3 Крушево, Кавадарци, Велес, Тетово, Струмица, Куманово, 4 Охрид, Штип, Скопје-Зајчев Рид, 5 Претор, 6 Виница, Гевгелија, 10 Дојран.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 14.5, Дојранско Езеро 18.4
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
