Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува претежно опблачно време. Почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (над 20 л/м2), а наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.
Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Информации од ова утро: 7.11.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
0 Берово, 1 Лазарополе, 2 Битола, 3 Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, 4 Прилеп, Струмица, Демир Капија, Попова Шапка, 5 Куманово, Охрид, Претор, Кавадарци, Дебар, Маврови Анови, 6 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, Крушево, 8 Гевгелија, Виница.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
