Вести Македонија Топ вести

„Сино хидро“ утре бара итна средба по владините најави за прекин на договорот за автопатот Кичево – Охрид

Владата, пратениците или кинескиот инвеститор? – Kој прв ќе го оконча проектот за автопатот Кичево – Охрид по 10 години изградба? – Рокот со „Сино Хидро“ истекува на Нова година, иако завршени се само 78 отсто за 600 милиони евра. Засега официјално е дека премиерот и вицепремирот најавија ревизија, односно и можно непродолжување на договорот, а Телма дознава дека кинески претставници од компанијата сакат итна средба утре по најавите на владеачката врхушка. Но, што ќе произлезе од разговорот, последната одлука ќе ја има владата, а не министерството за транспорт и врски.

„Ставот во однос на продолжување на изградбата на автопатот кои го најавија премиерот и првиот вицепремиер во наредниот период ќе зависи, пред сè, од одлука на владата како државата ќе продолжи со овој проект, во наредниот период,“ велат од министерството за транспорт и врски.

Но, иако реализацијата од терен се сели на политичко ниво во владата, од јавното претпријатие за државни патишта сè уште со оптимизам дека во јануари ќе мине првиот автомобил на оваа автопатска делница.

Од транспрот и врски за Телма велат дека сметката со кинеската „Сино хидро“ е чиста. Се што е побарано, се е исплатено во рокот или до сега околу 600 милиони евра. Но, проблемот не е во парите, туку трасата која била избрана. Изминатите неколку месеци се појавиле најмалку 11 свлечишта, а според првичните проценки е за да се санираат ќе бидат потребни нови средства, но и најмалку две години. Но, според експерите и надзорот оваа траса во небезбеден терен свесно е избрана.

Во петокот застаре и кривичното гонење во предметот „Траекторија“ во кои обвинети беа поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и бившиот директор на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски. Автопатот започна да се гради на 22 февруари во 2014 година, а рокот за завршување до 2018 година. Кредитот за оваа капитална инвестиција беше земен од кинеската банка „Ексим“ и државата треба да го врати за 20 години.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе