Вести Македонија Топ вести

Каде се владините возила кои ги купувавте по енормно скапи цени, прашува ДКСК за рент а кар јавната набавка вредна милион евра

Професионално ќе беше Министерството за надворешни работи (МНР) да понудеше образложение по претходна анализа колку возила има на располагање државата, колку се потребни за Самитот на ОБСЕ во декември, а колку недостасуваат. Сега јавноста и ние институциите треба да веруваме на зборовите дека фалат половина и за тие ќе се одвојат максимално 600.000 евра, реагираат од антикорупциска.

„АБЦ рент а кар турс“ е единствениот понудувач што ги задоволил барањата во огласот на министерството за надворешни работи за бараните лимузини, комбиња и автобус за 600.000 евра. И ова е проблем за антикорупциска која ги повика нивните колеги од комисијата за заштита на конкуренција да го испитаат случајот.

Според првиот човек на оваа комисија избрана во собранието, ваквите предмети не можат да ги третират, затоа што во овој случај воопшто не се јавила конкуренција, па така не може да се испитува дали е нарушена конкуренција во формалната процедура. Како да се надмине трендот на набавки од само една фирма, Ивановска со предлог.

За потребите на самитот на ОБСЕ е предвидено да се изнајмат минимум 35 ВИП патнички возила на седум до осум дена кои не се постари од 2014 година. Цената за изнајмување на еден ден без ДДВ ќе го чини министерството околу 550 евра со пресметан данок или трикратно повеќе ако било кој граѓанин во истата фирма изнајми некое од наведните возила.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе