Вести Македонија Топ вести

Го оштетиле буџетот за 1,3 милиони денари – кривични пријави за претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.С. (66) и М.Г. (54), двајцата од Валандово, поради сомнение дека сториле кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

Според полицијата, првопријавениот во својство на претседател, а второпријавениот како секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 година во повеќе наврати регистрирале повеќе фудбалски клубови за натпреварување во Општинската фудбалска лига Валандово, иако тие не го исполнувале минималниот број на играчи предвиден со правилникот на Фудбалската федерација на Македонија.

Со ваквите дејствија, според пријавата, бил зголемен бројот на делегати во Собранието на ФФМ, на кои незаконски им биле исплаќани надоместоци по различни основи. На тој начин, осомничените за себе и за други лица прибавиле противправна имотна корист во износ од околу 1,35 милиони денари.

Полицијата наведува дека двајцата креирале и записници за наводно одиграни натпревари, во кои внесувале невистинити и неточни податоци за лица прикажани како учесници на фудбалски натпревари што, според сомнежите, воопшто не биле одиграни. За случајот е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски се сомничи за финансиска штета од 2,5 милиони евра

Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се потпишала како градоначалник и одобрила надградба на куќа – пријава за две вработени во општина Струмица

Дејан Дејан

Реакции од здруженијата на приредувачи на игри на среќа на денешната јавна расправа по предлог-законот

Дејан Дејан

Цените на нафтата повторно скокнаa над 80 долари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе