Вести Економија Најважни

Ковачевски: Ако сакаат да купат некоја наша компанија, тогаш и ние сме заинтересирани за солунското пристаниште – веста за продажбата на МЕПСО е лажна

Ако грчкиот преносен систем сака да купи дел од МЕПСО, тогаш и ние сме заинтересирани за купување на солунското пристаниште. Премиерот Ковачевски со ироничен одговор на прашањето дали грчки ИПТО е заинтересиран да преземе дел од македонскиот преносен систем, како што пишуваат дел од тамошните медиуми.  Ковачевски тврди дека се работи за неточна и лажна вест. А и пред извесно време од компанијата МЕПСО  потрвдиле дека  нема да се случи такво нешто.

И неговиот колега вицепремиерот Битиќи вели  до Владата официјалнен предлог до сега за  преземање на удел во Мепсо не е пристигнат. Но, за Битиќи  убаво е да се чуе дека  компании од надвор се интересираат да инвестираат во земјава.

Како што пишува грчкиот специјализиран портал Енерџи пресс, тамошниот преносен систем ИПТО, гледа на балканскиот пазар да ја зајакне својата позиција и во овој контекст настојува да стекне дел во МЕПСО.Пишува и дека менаџментот на ИПТО, веќе подолго време се во разговори со престваници на македонската влада, МЕПСО и на регулаторниот орган во земјава.

Се наведува дека со ова макеоднскиот преносен систем ќе го искористи добриот кредитен рејтин на грчкиот операртор и на тој начин  полесно ќе дојде  до пари од европските фондови кои би се искористиле за подобрување на мрежата.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе