Вести Економија

Во земјава има стручен кадар, не мора Владата да го бара надвор, дел од експертите се против одлуката, странци да го градат Чебрен

Поминаа речиси два месеци откако Владата  одлучи грци да го градат Чебрен, но и натаму не стивнуваат реакциите за начинот на кој ќе се реализира овој децениски проект. Дел од експертите велат дека со одлуката, странци да се дел од Чебрен, се потценува македонскиот стручен кадар. Сметаат, дека земјава има капацитете  и кадар  кој е способен да го реализра проектото, а не надворешни компании да го прават тоа, кои пак ќе дојдат , ќе ангажираат домашни стручни лица за малку пари.

-Не е енергетски проект, туку водостопански, ни ја земаат водата на 66 години да ја управуваат, жално за Македонија, вели професорот Константин Димитров

Директорот за развој  и инвестиции во ЕСМ, Андонов кој до скоро, беше и советник за енергетика во Владата тврди дека не само на оваа, тука на сите влади претходно идејата била во Чебрен да влезе странска фирма. Зошто пак ЕСМ сам не ја гради оваа централа,  Андонов одговори дека и државните електрани ќе бидат активни во проектот,  со тоа што ќе  учествуваат со нешто над 30 отсто во него.

-Тоа е прашање за генералната економска политка на државата не за ЕСМ. ЕСМ ќе биде дел од проектот согласно понудата, ќе има дел од 33 проценти од заедничката компанија што значи ќе биде активен во проектот. Така што ЕСМ ќе бидат активно вклучен во проектот, вели Виктор Андонов, Директор за инвестиции и развој во ЕСМ

Во септември , Владата донесе одлука грчка компанија,  да ја гради централата на Црна Река. Проценките  се дека ќе чини една милијадра евра, заедно со камати. Државата нема да вложи пари во изградбата, но ќе го вложи Хец Тиквеш. ЕСМ пак кој се јавува како партнер ќе треба да изгради пат до централата и да ја поврзе на струјната мрежа. Исто така, за користењето  на водата на Црна Река, грчката компанија ќе плаќа само еден отсто годишно од продадената струја.

Хидроцентралата Чебрен е децениски проект. Досега имало 13 неуспешни тендери за избор на инвеститор, во последните 20 години.

Ирена Чачкова 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе