Вести Економија Најважни

Од денеска сметаката за парно зголемена за 4,5%

За околу 60 илјади домаќинства парното од денеска поскапува за 4. 5 проценти. По три месеци одлагање, РКЕ донесе одлука за новата цена на греењето. Со ова сметките од 1.800 денари ќе пораснат за 80 денари. За граѓаните кои пак се приклучени на  Скопје Север и оние кои го користат таканареченото железарско парно, греењето минимално ќе поевтини. Од РКЕ тврдат дека не прифатиле голем дел од барањата на компаниите.

-Цената се зголмува поради тоа што има високи трошоци за гас во првите три месеци од годината и затоа што  враќаме дел од позајмиците кои ги дала владата и тоа ќе биде чекор по чекор дали ќе биде во наредните две или три години ќе видиме за да не се прави  ценовен шок, рече првиот регулатор Бислимовски.

Ако не се користи топлината од ТЕ-ТО тогаш поскапувањерто би било 60 отсто, вели Бислимовски. Токму поради тоа се чекаше да почне поставувањето на новиот топловод  под Беласица. Првиот регуалтор се надева дерка државата ќе ги преземе сите мерки околу новиот данок кој го воведе Бугарија за рускиот гас. Поради оваа давачка нова корекција на цената на греењето во текот на сезоната нема да има.

Најмногу потрошувачи се приклучени на ЕСМ или поранешно БЕГ, а најмалку на топланата Скопје север.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Њујорк со финансиска поддршка ќе се обиде да ги зачувува сегашните и идни новинари

Дејан Дејан

Неделен возен ред за автобусите на ЈСП

Дејан Дејан

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе