Вести Економија

Индустриското производство во септември со раст од 4,5 отсто на месечно ниво

Индустриското производство во септември годинава во однос на септември минатата година е зголемено за 4,5 отсто, а за 0,7 проценти во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст од 23,4 проценти, а пораст има и во Преработувачка индустрија од 3,8  проценти. Опаѓање од 10,1 процент е регистриран во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

ДЗС посочува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,5  проценти и Капитални производи за 0,7 проценти, а опаѓање кај Енергија за 10,5  проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8  проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе