Вести Економија Македонија

Фотонапонски централи и ветерници ќе може да се градат и на земјоделско земјиште од I до IV класа

Фотонапонски централи и ветерници ќе може да се градат и на најдоброто земјоделско земјиште во Македонија со Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште кој од вчера е најавен на платформата на единствениот национален електронски регистар на прописи, објавува Фактор.

Министерството за земјоделство предлага големите странски стратешки инвеститори да може да градат енергетски објекти на најплодните земјоделски површини од прва, втора, трета и четврта класа.

„По исклучок од став 2 и 3 на овој член земјоделското земјиште од I до IV катастарска класа може да биде предмет на пренамена доколку урбанистичкиот проект е за планирање на градби за кои со закон е уреден стратешки интерес и пренамената се врши со донесувањето на законот со кој е уреден стратешки интерес“, се вели во предложениот закон.

Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите.

„Земјоделското земјиште од III и IV катастарска класа може да биде пренаменето заради донесување на урбанистички проект вон опфатот на урбанистички план и урбанистички план вон населено место со кое се планира наменска зона за енергетски градби (хидроелектрични централи, термоелектрични централи, нуклерани електрани, ветерни електрани, концетрациони сончеви електрани, електрани на биогориво и површински соларни и фотоволтаични електрани) само доколку во катастарската општина за каде се планира донесување односно одобрување на урбанистичкиот план односно урбанистичкиот проект нема земјоделско земјиште од пониска катастарска класа.“, нагласено е во законските измени.

Во членот 51 има уште една значајна измена, а тоа е и дека самите пасишта како земјоделски површини може да се пренаменат во градежни, алудирајќи на тоа дека и таму ќе се градат фотоцентрали.

Земјоделци веќе реагираа дека на овој начин се уништува земјоделското земјиште што се користи за производство на храна.

Целосниот текст можете да го прочитате на Фактор.мк

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе