Вести Економија

Европската банка за обнова и развој го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје.

Турскиот државјанин, Туркменоглу се приклучи на Банката во 2012 година како главен банкар во тимот за општинска и еколошка инфраструктура во Истанбул, Турција. Во 2018 година е унапреден на функцијата вонреден директор, виш банкар. Следната година тој беше назначен за шеф на резидентната канцеларија на ЕБОР во Туркменистан, каде што неговата работа претежно се фокусираше на проекти од приватниот сектор.

Туркменоглу е искусен меѓународен банкарски професионалец и има богато искуство во инфраструктурата и комерцијалното банкарство. Во текот на неговата кариера, тој, исто така, се специјализираше за имплементација на проекти, прекугранични финансии, правни рамки и односи со донатори. Пред да се приклучи на ЕБОР во 2012 година, тој беше на позиции и во јавниот сектор и во комерцијалните банки.

Туркменоглу очекува ЕБОР да инвестира над 180 милиони евра во земјата во 2023 година. Тој истакна: „Со нетрпение очекувам да се ангажирам со властите и приватниот сектор во овој возбудлив период за ЕБОР во Северна Македонија. Посветени сме на поддршка на зелената транзиција на земјата преку иновативни средства за финансирање и преку некои извонредни претстојни проекти за одржливост“.

Туркменоглу има дипломи по економија и финансии на универзитети во Турција и Обединетото Кралство. Со преземањето на оваа нова улога тој го наследува Анди Аранитаси, кој сега е на чело на операциите на Банката во Узбекистан.

Откако Северна Македонија се приклучи на ЕБОР во 1993 година, Банката инвестираше повеќе од 2,6 милијарди евра во 180 проекти таму, од кои речиси половина беа во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е поддршка на конкурентноста, зелената транзиција и понатамошната интеграција на регионалните и глобалните пазари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе