Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. Утре ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.
Минималната температура утре ќе се движи во интервал од 5 до 13°C, а максималната од 21 до 27°C.
Потоа во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а кон средината на неделата локални врнежи од дожд.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
8 Попова Шапка, 9 Берово, 10 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 11 Лазарополе, 12 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Битола, Крушево, Струмица, Маврови Анови, 13 Штип, 14 Кавадарци, Охрид, Гевгелија, 15 Прилеп, Претор, Виница, Велес, Дојран 16 Демир Капија.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.5, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 18.2
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
