Вести Економија

Василев со критика до Радев – ги штити интересите на Гаспром

Бугарскиот министер за финансии, Aсен Василев, упати остра критика до бугарскиот претседател Румен Радев велејќи дека ги штити интересите на Гаспром.

Неговата изјава доаѓа откако радев ја обжали пред уставен суд, ја оспори владината одлука за воведување на данок за руски гас, кој поминува низ територијата на Бугарија.

Изненадувачки е што претседателот не го штити националниот интерес. Румен Радев се декларира како бранител на гаспром, и против бугарскиот национален интерес и политиките на европската унија кои владата ги спроведува, Василев.

Додаде дека тоа нема да го запре спроведувањето на законот. Таксите се наплатуваат од 13 октомври.

Првите сметки ги очекуваме на 14 ноември годинава, рече Василев.

Според него, постапките на Радев се срам за претседателската институција.

Македонија најави дека ќе бара отштета од Бугарија ако остане данокот и не се ослободат капцитетите на гасоводот во Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе