Вести Македонија Топ вести

Тодоров и Манолева сведочеа пред Анкетната комисија за скандалот на Онкологија

Вистината за Онкологија треба да се дознае што поскоро! Вакви апели пред Анкетната комисија упатија и сегашните и поранешните први луѓе на Министерството за здравство.Тие беа повикани како сведоци во намерата на пратениците да утврдат евентуална политичка одговорност.

Комисии, конзилиуми, укинати одлуки. Опозициските пратеници се сомневаат во тврдењата на власта дека состојбите на Клиниката за онкологија се средени а долговите преполовени.

Актуелната заменичка министерка Маја Манолева укажува дека актуелното раководство на клиниката работи професионално и дека некои проблеми се таложеле со години. Еден од нив е Като системот кој на брзина е пуштен во употреба 2017-та без обучен кадар.

Поранешниот министер Никола Тодоров рече дека е штета што Като престанал да функционира наместо да се надградува. Повикува сегашните јавни наводи за злоупотреби итно да се разрешат без одолговлекување и да се утврдат мотивите.

Поранешните заменици Илир Хасани и Владимир Рендевски наведоа дека немале информации ниту овластувања од министрите. Ќе сведочат и други експерти и функционери. Анкетната комисија треба да утврди евентуална политичка одговорност за пристрасно и несоодветно лекување на онколошки пациенти, посебно со биолошка терапија, како и за други можни злоупотреби.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе