Вести Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 24.10.2023

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слабо ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14°C, а максималната од 22 до 28°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

9 Попова Шапка, Берово, Лазарополе, 10 Маврови Анови, 11 Претор, Струмица, 12 Крушево, Крива Паланка, Тетово, Битола, 13 Охрид, Прилеп, Скопје – Петровец, 14 Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 15 Скопје – Зајчев Рид, Гевгелија, Дојран Виница, Штип.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

2 Маврови Анови, 1 Дебар, Тополчани, Пожаране.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 17.0, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 19.6

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе