Наутро со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14°C, а максималната од 22 до 28°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
2 Попова Шапка, 3 Берово, Лазарополе, 4 Крива Паланка, 5 Маврови Анови, 7 Дебар, Крушево, 8 Скопје-Петровец, Охрид, 9 Тетово, Битола, Куманово, Виница, 10 Штип, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Претор, 11 Демир Капија, 12 Скопје – Зајчев Рид, Велес, 13 Дојран, Гевгелија.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 18.0, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 19.0
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
